На скопското подрачје денеска ќе преовладува претежно сончево време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени, најавуваат метеоролозите.
Во останатите делови од Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена локална облачност и со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.