Едно од најнаградуваните последни дела на Милчо Манчевски, „Врба“ е кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар долгометражен интернационален филм за 2021 година.
Од Друштвото на филмските работници на Македонија соопштуваат дека во конкуренција за кандидатурата биле и филмовите: „Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи, „Кеиф“ на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли. Американската академија за подвижни слики, уметност и наука ја прифатила и одобрила апликација на „Врба“.
Поради ковид-пандемијата, 93-тата церемонија за доделување на наградите „Оскар“ ќе се одржи подоцна од вообичаено, односно на 25 април 2021 во Лос Анџелес.
Годинава во трката за „Оскар“ влезе документарецот „Медена земја“ кој доби номинации и за Најдобар документарец и за Најдобар странски филм.