Во четврток на скопскиот плоштад „Македонија“, со почеток од 12 часот ќе се случи изложбата посветена на една од најпознатите хрватски уметнички со меѓународна репутација, Власта Делимар, насловена како „Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“.
-Изложбата ‘Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар’ во Скопје во ‘она време што го знаевме’ би се манифестирала преку архива на нејзини минати дела, како и понуда од реизведби на перформанси од самата авторка, во обид да се извлече архивата на времето во нејзиното тело или што точно нејзиното тело памети. Реенакментите или реизведувањето на идеите преку нејзиното тело нема за цел да ги повтори работите онака како што биле, туку критички да се пристапи кон нив – колку тие се промениле, дали биле доволно критички и јасни и дали токму таквата субверзија била ‘најправилниот’ пристап во овој свет преполн со манипулации, вели кураторката Ивана Васева.