„Македонисимо“ на Трпчески – мелем за уши за патниците на „Луфтханза“

Светски познатиот, а наш пијанист Симон Трпчески е на листата на музички избор за патниците на Луфтханза. Неговиот „Македонисимо“ стана дел од листата ѕвезди чија музика може да ја слушаат оние кои се возат со една од накпознатите светски авиокомпании „Луфтханза“.

-Македонскиот пијанист славен низ светот поради експресивниот начин на изведба и харизматичното сценско присуство, Симон Трпчески, избра некои од своите омилени музички дела, ексклузивно за „Луфтханза”, најавува компанијата, чии патници во избор на Трпчески веќе можат да уживаат во 16 внимателно одбрани дела (од кои осум се во негова изведба). Пет од нив се фрагменти од прославата на македонската музика низ проектот „Македонисимо” што Трпчески го изведува со своите музички пријатели, се вели во соопштението од „Културопрес“.

За виртуозот ова е значајна придобивка:

-Навистина ми е многу мило што сум дел од програмата на летовите на „Луфтханза”, компанија која е еден од реперите во авиосообраќајот. Да се биде дел од нивните програми што ги слушаат илјадници патници е голема чест, а јас се определив за дела секако во рамките на правилата на Уметничкиот одбор на компанијата и можностите со авторските права. Се надевам дека на патниците ќе им се допадне мојот разновиден избор од пијанистичка и симфониска литература, но и со мал дел од „Македонисимо“, во функција на натамошна афирмација на македонската народна музика изведена на такво високо ниво, нагласува Трпчески.

Претходна вестНе обучивте наставници за онлајн настава, а камо ли за сексуално образование
Следна вестОблачно со повремен дожд