Темен режим Режим на светлина

Облачно со повремен дожд

Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Во Скопје времето денеска ќе биде облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени.

На останатото подрачје од Македонија времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи се очекуваат во недела во текот на ноќта и во понеделник претпладне.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Македонисимо“ на Трпчески - мелем за уши за патниците на „Луфтханза“

Следна објава

Mакедонските и бугарските историчари на онлајн средба, ќе го секцираат ли и Гоце Делчев?