Непрописното паркирање и натаму е најчест сообраќаен прекршок кој го прават скопските возачи. Тоа го покажуваат и вчера изречените санкции од страна на полицијата на скопското подрачје.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои 59 за непрописно паркирање, соопшти денеска МВР.
Изречени биле и 6 мерки за возење без возачка дозвола, 4 санкции за некористење на сигурносен појас, 5 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 за користење на мобилен телефон и 3 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло).
Полицијата уверува дека ќе контролира и наредните денови. Дали тоа го прави доволно темелно, постојано и без да има простувања на избраните?