Личните документи да не мора се подигнуваат на шалтер, туку граѓаните да ги добиваат по пошта, на домашна адреса.
За ваква можност денеска разговарале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и генералниот директор на АД „Пошта“, Јани Макрадули.
Во соопштението од МВР се вели дека ќе се формира работна група која ќе види кои се пречките за ваква достава, a и можните предизвици.
Тоа би значело дека ова засега останува само како идеја, на чија реализација ќе треба да се почека.