Хоспитализирани се вкупно 592 лица поради компликации со вирусот во Македонија

Во моментов позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ Македонија се 592 лица. Здравствените власти соопштваат дека има околу 470 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во Скопје се лекуваат вкупно 243 пациенти, од кои 10 се примени во болница во последното деноноќие.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 39, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Претходна вестЛекција од Перу за нашиве функционери: Министерка си поднела оставка поради…
Следна вестЗа домаќинот зборува (не)уредениот двор, за Скопје – коритото на Вардар