Статистика: Приватни инвеститори најмногу сакаат да градат висококатници

Во декември 2020 година се издадени 305 одобренија за градење, што е за 6,6 проценти повеќе во однос на декември лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Со прост преглед на статстиката забележчиво е дека најмногу во следниот период ќе се градат висококатници – дури 181 ( или 59,3  проценти) од одобренијата се за тоа, за нискоградба 37 одобренија  (12,1  процент) , а 87, односно 28,6  проценти се за реконструкција.

Инвеститори во најголем број се приватни лица (за 192 објекти), додека кај 113 објектите инвеститори се јавуваат деловни субјекти.

Од Извештајот може да се прочита и дека во овој период, врз основа на одобренијата, е предвидена изградба на 372 станови, со вкупна корисна површина од 32 203 метри квадратни.

Претходна вестВакцинацијата мора да биде имуна на скандали од типот „преку ред“, „за блиски“…
Следна вестВнимателно возете: На патиштата има остатоци од снег и мраз, некои се затворени за товарни возила