Внимателно возете: На патиштата има остатоци од снег и мраз, некои се затворени за товарни возила

Поради остатоци од снег на коловозот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правец Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар и од Дебар кон Струга, соопшти попладнево АМСМ.

Забрана има и за сите видови моторни возила и тоа на патниот правец Р2248 помеѓу селата Ранковце и Герман.

Од 09:10 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓаватo, а од 09:30 часот и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Од АМСМ апелираат на прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, посебно за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На крајот и едно потсетување: патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021, како и дека поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г. п. Ќафасан брзината е ограничена на 40 км/ч.

Претходна вестСтатистика: Приватни инвеститори најмногу сакаат да градат висококатници
Следна вестЦела недела минусни температури, за викенд дожд и снег