Власта намерно доцни со вакцинирањето за коронакризата да продолжи што повеќе, а тие да можат да ловат во матно.
Вакво обвинување денеска дојде од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Со овие 4 илјади дози ќе се вакцинираат 2.000 луѓе и работата ќе заврши тука. А треба да се вакцинира некаде околу 60-70 проценти од населението, доколку сакаме Македонија да се заштити од корона вирусот. До овој момент, да имавме одговорна власт, а ја немаме, требаше Македонија да има откупено 2 милиони вакцини и милион луѓе да се вакцинираат, изјави денеска Николоски.
Оваа своја теза тој ја објаснува вака: Колку подолго трае кризата и овие рестрикции, толку подобро за власта, не може народот да излезе на улици и да протестира против оваа власт и да ја собори. Па праша:
-Дали власта намерно не купува вакцини со цел кризата да трае подолго и да можат да ловат во матно?