Ковид-19 во 24 часа: Седум лица починаа, од кои четворица од Скопје – 347 нови заразени

Во изминатите 24 часа, седум лица починаа како последица на ковид-19, додека од 2.383 тестирања, регистрирани се 347 нови случаи со корона вирус.
Од починатите, 4 пациенти од Скопје (80г, 79г, 69 и 61г), и по еден смртен случај од Куманово (80г), Велес (66г)  и Прилеп (61г). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.
Од новорегистрираните 347 случаи со ковид-19, најмногу се од Скопје – 157.
Регистрирани се 168 оздравени пациенти.
Со денешните бројки, вкупно ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата има 97.803, починати се 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324, од кои 2.810 во Скопје.
Претходна вестНа сила го однеле на нотар за да им го препише неговото скапо „Масерати“
Следна вестНиколовски од ВМРО-ДПМНЕ: Власта намерно не купува вакцини