Вкупно шест лица вчера се приведени од страна на полицијата на Граничниот премин „Меѓунареден аеродром – Скопје“ во одделни контроли во кои е утврдено дека имаат лажни ПЦР-тестови на корона вирус.
Вчера рано изутрина во 04.00 часот при проверка на Р.Б.(21) од Казахстан било констатирано дека на увид приложила фалсификуван негативен ПЦР тест. Два и пол часа подоцна од иста причина се приведени Е.С.(48) и А.С.(46), двајцата од Кoсово, откако е констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.
Во 07.40 часот при проверка на Г.Х.(50) од Турција било констатирано дека на увид приложил фалсификуван негативен ПЦР тест.
–На 22.02.2021 во 15.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“-Скопје, при проверка на Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, тетовско, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови, соопшти полицијата.
Сите лица се приведени и задржани за понатамошна постапка.