Преку апликацијата за самопопишување заклучно со денеска наутро евидентирани се вкупно 40 397 лица кои се во странство.
Иселениците имаат рок до 21 април да ја направат оваа оепрација, која според Државниот завод за статистика (ДЗС) трае само 10 минути и воопшто не е сложено.
Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почна со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците.
Пописот на резидентното население ќе започне на 1 април и ќе трае до 21 април.