Вкупната бројка на пациенти со корона вирус кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.581, а има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 77 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
На Интерните и хируршки клиники имало 44 приеми, во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ биле примени 14 пациенти и 15 на Инфективната клиника, во Козле биле примени еден нов пациент, а тројца се примени на Клиниката за детски болести.
На домашно лекување се пуштени 75 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 927 пациенти со ковид.
На денешниот состанок на Филипче со директорите на ковид-центрите е констатирано дека состојбата во болниците за загрижувачка.
Затоа, неразбирливо е зошто здравствените власти и натаму сметаат дека овие мерки кои се на сила се доволни, кога бројот на заразени, хоспитализирани и за жал на починати е секојдневно висок.