Заев и партиите на Села и Гаши го отворија прашањето за државјанствата: На пола пат сме до решение

Не ни е цел како коалиција да бидеме црни овци кои ќе кочат и блокираат закони, туку да бидеме оние кои ќе им служат на лицата на кои им е блокирано правото на државјанство. Ќе седнеме како пратеничка група да ги разгледаме сите опции кои се отворени на средбата.

Ова го изјави Скедер реџепи од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива чии претставници денеска имаа средба со премиерот Зоран Заев за да се најде решение за одлокирање на Собранието.

Средбата со претставницие на оваа опозициска парламентарна коалиција е поради тоа што ти со стотици амандмани ги блокираат сите закони, како притисок да се прифати нвното решение за државјанствата.

Заев ја оцени како конструктивна денешната средба и дека се на добар пат да најдат решение.

На средбата присуствува и министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, како претставник на Беса.

Заев рече дека за еден дел од работите веднаш нашле решение, но за позначаен дел од работите Владата ќе треба да ги разгледа аргументациите од Алијанса и Алтернатива, како што и тие треба да ги разгледаат аргументациите од министрите.

Се согласиле дека бројката на лица без државјанство, иако е евидентирана на 1 500-1 600, во матичната евиденција е некаде 800-850 луѓе и е различна, дека граѓани кои имаат извод од матична книга на евиденција, односно се родени тука, е една проблематика, и граѓани кои се стекнуваат со државјанство со природување, односно со женење, мажење во државата, се друга проблематика.

Реџепи истакна дека од Владата имало предлог да има закон со преодна одредба, што, како што рече, ќе го разгледаат заедно со коалицискиот партнер. Истовремено, побарале Владата да разгледа неколку точки што тие ги предложиле и да се дојде до некаков компромис.

Претходна вестВо Скопје за 24 часа се хоспитализирани нови 77 пациенти со ковид
Следна вестФилипче до сите кои се вакцинираа во Србија: Да не се земаат лекови на своја рака, реакциите се ретки