Во Скопје за 24 часа се хоспитализирани нови 77 пациенти со ковид

Вкупната бројка на пациенти со корона вирус кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.581, а има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 77 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

На Интерните и хируршки клиники имало 44 приеми, во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ биле примени 14  пациенти и 15 на Инфективната клиника, во Козле биле примени еден нов пациент, а тројца се примени на Клиниката за детски болести. 

На домашно лекување се пуштени 75 оздравени пациенти. 

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 927 пациенти со ковид.

На денешниот состанок на Филипче со директорите на ковид-центрите е констатирано дека состојбата во болниците за загрижувачка.

Затоа, неразбирливо е зошто здравствените власти и натаму сметаат дека овие мерки кои се на сила се доволни, кога бројот на заразени, хоспитализирани и за жал на починати е секојдневно висок.

Претходна вестСе очекува Грција на 14 мај да дозволи влез за македонските државјани
Следна вестЗаев и партиите на Села и Гаши го отворија прашањето за државјанствата: На пола пат сме до решение