„Здраво млади“ – единаесеттото издание на фестивалот на нова музика ќе се случува на 26 и 27 август оваа година.
Од Младинскиот културен центар се задоволни од тоа како течел конкурсот и колку млади луѓе се пријавиле.
– Стигнаа над 100 дизајни од 94 дизајнери. Првата награда, за официјален дизајн на „Здраво млади“ е доделена на Катја Штркова, втората награда на Воскресија Андреевска и третата на Весна Арангеловиќ, се вели во соопштението.
Сите новости ќе бидат објавени на социјалните мрежи на МКЦ и „Здраво млади“.