МВР вчера на делницата Скопје-Охрид-Свети Наум казнила 330 возачи за пребрзо возење.
Од нив, 21 возач возеле со дури 70 километри на час над дозволената брзина, а 124 со брзина од над 50 километри на час над дозволеното.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и денеска и во наредните денови.
Она што е позитивно е дека има намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат, но ако надвор од сезона има толку многу неодговорно возење, може само да се претпостави што ќе биде во сезона, кога ќе има голем број туристи.