Ковид-статистика: 193 новозаразени, но дури 34 починати

Триесет и четири лица починаа во изминатите 24 часа како последица од ковид, додека од речиси 1.200 тестирања регистрирани се 193 новозаразени.

Од починатите најмногу – 15 од Скопје (54г, 56г , 60г, 60г, 63г, 63г ,67г, 67г 68г, 69г, 69г, 71г, 76г, 76г и 80г), 5 лица од Прилеп (62г, 64г, 70г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Куманово ( 74г и 83г), Битола (59г и 75г), Штип (68г, 77г),Кочани (66г и 81г) и Кичево (66г и 68г), по едно лице од Велес (76г), Охрид (42г), Неготино (58г) и Свети Николе (68г). Сите се починати во болнички услови.

Од новите случаи повеќе од половината се од Скопје – 110, потоа Прилеп – 16, Кавадарци – 15, Куманово – 12, Штип -9, Тетово – 7, Кочани и Кичево – по 4, Велес – 3, Битола, Струга и Дебар – по 2, Охрид, Струмица, Неготино, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 1.014 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројката на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262, а бројот на активни случаи изнесува 19.978. Од нив 9.324 се од Скопје.

Претходна вестНови 49 пациенти со ковид примени во болниците во Скопје
Следна вестЗаев нема против висококатници ако се според ДУП-от, Богдановиќ бара поддршка за преиспитување на одлуката на Уставниот суд