Темен режим Режим на светлина

Влада: Изјавата на Закаријаш е целосно спротивна на португалскиот предлог

По суштина и по методологија изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик, доколку е прецизно пренесена е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение, изјавија денеска во македонската Влада за државната агенција МИА.

Ставот е дека ваквите изјави никако не помагаат во процесот на градење доверба и заедничко разбирање.

– Контекстот и моментот се крајно сензитивни и затоа ги повикуваме претставниците на земјите кои се вклучени во процесот и кои не ги познаваат целосно и добро приликите во С. Македонија и Бугарија, да се воздржат од какви било квалификации или објаснувања на процеси поврзани со нашите национални прашања, додаваат од Владата.

Во владината реакција за МИА се посочува дека македонскиот јазик е едно од клучните идентитетски обележја на македонскиот народ, меѓународно признаен и кодификуван јазик со своите уникатни специфики, потврден со Договорот од Преспа и запишан во личната карта на Македонија во Обединетите Нации.

– Македонскиот јазик е израз на неприкосновеното право на македонскиот народ на самоопределување и дигнитет, се додава во реакција на Владата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Од изјавата на португалската министерка дознавме дека има и други држави кои не се против бугарското вето

Следна објава

Извршен претрес во Тетово, приведен дилер на дрога