Со целовечерни културно-забавни случувања и оваа година ќе се организира „Бела ноќ“. Денот е сабота, 25 септември.
Организаторите информираат дека поради почитување на мерките за заштита на КОВИД-19 ќе биде потребно приложување на сертификат или за вакцинација или дека сте прележани, а поради запазување на капацитетот и бројот на присутни посетители, ќе важи правилото „прв дојден – прв услужен“.
И оваа година „Бела ноќ“ нема да помине без локациите Градскиот парк, Дом на градежници, Чифте амам и Младински културен центар, а во населбите Драчево и Ченто ќе се одржи „Кино на трева“.