Истече рокот што граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има!“ го постави пред 20-тина дена: на сите ученици во основните и средните училишта да им бидат обезбедени учебници за наставата да тече нормално.
– Ако нема обезбедено учебници за секое едно дете во основно и во средно училиште до 30 септември, согласно законот за образование, ќе следува колективна тужба за сите чинители кои го кршат законското право и со Устав загарантирано на апсолутен пристап до бесплатно образование, соопшти на 13-ти септември – координаторката на иницијативата Драгана Спасевска.
Ќе има ли тужби за министерката за образование, Мила Царовска и останатите надлежни?
Инаку, од она што официјално од Царовска го знаеме е дека учебници има онолку колку што побарале училиштата – што значи дека е посочено дека вината директно им ја префрли ним. Училиштата пак, анонимно пријавуваат дека од МОН им е изрично речено да не бараат учебници оти едноставно нема. Но, јавно ниеден директор на училиште не застана да и ја каже вистината на Царовска, најверојатно надевајќи се дека медиумите ќе им ја завршат работата. Прашањето е до кога колатерална штета на погрешниот пристап на одговорните ќе бидат децата?