Денеска во Домот на Армијата ќе се одржи второто издание на Скопскиот Градски Фестивал.
Меѓу гостите е и македонската група Зулу 3.4 коиќе го промовираат својот нов албум насловен „Fragments#, а најавени се и настапите на словенечко- српското дуо со македонски корени Атанасовски – Хаџиманов, но и грчкиот виртуоз на хармоника со неговата група Thanos Stavridis & drom.
Васко Атанасовски е водечки словенечки и европски саксофонист, а Васил Хаџиманов е најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано. Танос Ставридис e водечки грчки музичар, факултетски професор и еден од најдобрите европски инструменталисти на хармоника. Тој ќе го промовира својот нов албум „Spicey Margarita”, прогласен за еден од најдобрите европски World music албуми во 2021 година.