За прв пат во земјава, денеска се одржува концерт на лица со Даунов синдром, организиран во рамките на Првиот Инклузивен градски хор, при Здружението „ТРИСОМИЈА 21“.
Целта на овој јавен настап е пред се да се покаже дека ваков тип на манифестирање на културата може да биде алатка за интеграција во општеството, социјализација и подобрување на животот на лицата со Даунов синдроми.
Дел од хорот се Марио, Стефан, Ена, Матеј, Филип, Илини, Оли, Бети, Ники, Даре и Коста под водство на Билјана Димитрова. Концертот почнува во 18:30 часот на Плочник – Градски ѕид, потегот околу Соборен храм, позади Клуб на новинари.