Темен режим Режим на светлина

Облачно време со температури дo 10 степени

Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено, информираат од УХМР.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе заврне локален дожд, а на планините снег.

Ќе дува слаб до умерен, а претпладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно облачно со умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник кога дневната температура значително ќе се намали.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Жителите во Чаир и дел од Бутел останаа без парно

Следна објава

Голем одрон на патот Свети Николе – Миладиновци