Темен режим Режим на светлина

Битолчанец со камион удрил во куќа

На битолската улица „Љубојно“ вчера во претпладневните часови, А.Ч.(26) од битолското село Црнобуки, управувајќи товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварска регистрација, изгубил контрола и удрил во куќа.

Како што информираат од МВР, во несреќата возачот се здобил со тешки повреди констатирани во Клиничката болница во Битола.

На местото на несреќата извршен бил увид од екипа од СВР Битола.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во повеќе скопски општини приведени млади лица

Следна објава

Православните христијани го празнуваат Божик