Темен режим Режим на светлина

АД МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни во сезоната на наводнување и на жетва

МЗШВ: Исплатени над 237 милиони денари за земјоделците МЗШВ: Исплатени над 237 милиони денари за земјоделците

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и на жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далеководите од преносната мрежа.

Од компанијата соопштија дека е важно земјоделците да не поминуваат со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците, но и да не поставуваат цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далноводните траси.

-Не ги кревајте во височина (вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија и се изложувате на огромен ризик. Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лица кои се наоѓаат под трасата на далеководот, апелираат од АД МЕПСО.

Исто така, посочуваат земјоделците да не палат стрништа во близина на далековод, бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вонредна состојба во Република Српска поради африканска чума

Следна објава
Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош

Платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто