Академици до Царовска: Реформата е потребна, но претпазливо со предметот историја

Лично мислам дека може историја да си остане како посебна наука, изјави денеска академик Таки Фити по средбата со министерката за образование и наука Мила Царовска во МАНУ посветена на реформата во основното образование.

-Прашањето на интегрирањето на предметите не е незначајно. Ние тука дадовме свои сугестии. Мислам дека треба да бидеме многу претпазливи особено кога станува збор за Историјата. Ние знаеме дека имаме проблеми со национална историја во мултиетничка земја. Меѓутоа, јас исто лично мислам дека може историја да си остане како посебна наука. Или да се најде некое креативно решение кое што нема да ја наруши суштината на концептот. Но, исто така, ќе придонесува за формирање на национален консензус околу овие прашања, истакна тој

Фити потенцира дека е најважно е да се промени пристапот на учење и реформата треба да почне со радикално преиспитување на наставните содржини.

И академик Владо Камбовски рече дека дале редица сугестии за подобрување на концептот.

-Очекуваме по усвојувањето, да биде подготвен наставниот план, а следен чекор – наставните програми. Укажавме конкретни сугестии во однос на структурата на наставниот план кој, според нас, слично на други развиени концепти, во рамки на осумте подрачја одредени како цели на системот на образование, треба да вклучи листа на задолжителни предмети, меѓу кои треба да се најдат и историја, и физика, и хемија, оние кои сега се групирани само како модули на заеднички предмет Општествени науки, рече Камбовски.

Овие академици посочија дека мислењата им се лични, не е официјален став на МАНУ и на нејзиното Претседателство.

Министерката Царовска и преставници на МОН денеска се сретнаа со овие акаденици од Одделнието за општествени науки во МАНУ. На средбата биле поканети сите седум членови на Одделението за општествени науки при МАНУ биле поканети, а тројца не присуствувале од оправдани причини. Академик Камбовски додаде дека ова се прашања во доменот на Одделението за општествени науки, а дека Академијата нема официјален став на Претседателство или на Собрание.

-Ставовите на Академијата ги формулираат неговите тела – Собранието, како највисоко тело или Претседателството. За овие прашања Собранието сигурно ќе расправа и ќе формулира ставови, но јас не можам однапред да кажам какви, рече Камбовски одговарајќи на новинарско прашање.

Неодамна Претседателството на МАНУ и нејзиниот претседател Љупчо Коцарев отворено застанаа против предложениот концепт на реформата.

– Единствена цел е да се избрише од наставната програма во основното образование предметот историја, потенцира неодамна академик Коцарев

И Претседателството на МАНУ во официјално соопштение неодамна потенцира дека е потребно е систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја.

Претходна вестСо парите наменети за новогодишно украсување општина Чаир купи две амбулантни возила 
Следна вестПовторно се гради кај „Мавровка“ – тест за решеноста на власта за борба против криминалот