Албанија оствари рекорден приход од туризмот, а Македонија…

Туризмот е стопанска гранка која може многу да придонесе во развојот на една земја. Тоа го увиде и соседна Албанија и неколку години напорно работи во тој правец. Резултатите стигнаа: Во првата половина од годинава Албанија остварила рекорден приход од туризмот од цели 1,55 милијади евра, а што е за 37 проценти повеќе од лани и е највисок прилив на средства досега.

До каде е Македонија со развојот на туризмот? Власта многу ветуваше…

Оваа година во македонската туристичко – угостителска индустрија се очекува вкупен промет од околу 530 милиони евра. Македонскиот туризам се уште е во исчекување на некој голем пресврт и скок кој никако да се случи.

И понатаму кај нас се бара оригинален туристички концепт кој што се врзува за езерата, планините, селата, културно-историски локалитети, национални паркови… Се чека што да се прави со езерата, што со планинските центри кои полека, но сигурно ја губат битката со центрите во соседните земји, што со селата, што со развојот на туристичката понуда по општините, на алтернативниот туризам. 

Да потсетиме само каква е состојбата со Преспанското Езеро, какви се ски-центрите на Пелистер и Попова Шапка, каква е патната поврзаност на Охрид, какви се…

За разлика од нас, Албанија правела многу во сферата на туризмот, тоа е патот до успехот, а не самиот факт дека има долго морско крајбрежје. За седум месеци, Албанија ја посетиле над 5,2 милиони странски туристи, што е за 31 отсто повеќе од лани истиот период…

Во Македонија кога вака?

Претходна вестМВР пак упати апел возачите да не возат пребрзо
Следна вестОпштина Аеродром доделува субвенции до 3.000 за нов велосипед и до 5.000 за електричен тротинет