Општина Аеродром доделува субвенции до 3.000 за нов велосипед и до 5.000 за електричен тротинет

Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди и електрични тротинети објави денеска скопската општина Аеродром. Повикот е во рамките на  Европската недела на мобилност која традиционално се одбележува во текот на месец септември.

-И оваа година, општината ќе покрива средства во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, како и 30 проценти од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице, се наведува во инфрмацијата.

Повеќе информации за јавниот повик и барањето кое треба да се пополни при аплицирање, може да се прочитаат на следниот линк: http://bit.ly/3NpZeeu.

Доделувањето на субвенциите ќе биде според принципот „прв дојден – прв услужен“, а можат да аплицираат жителите на Општина Аеродром што купиле велосипед во 2023 година, заклучно со 17 Октомври, односно денот кога истекува јавниот повик.

-Чиста, зелена и европска општина со многу велосипеди и тротинети, како алтернативен начин за транспорт. На овој начин, Општина Аеродром промовира мобилност и поттикнува здрав живот, соопшти општина Аеродром.

Претходна вестАлбанија оствари рекорден приход од туризмот, а Македонија…
Следна вестВелешанец лажно се претставувал како полицаец па влегувал и крадел по домови