Велешанец лажно се претставувал како полицаец па влегувал и крадел по домови

Притворен е четириесетиедно годишен жител на велешкото село Горно Оризари  А.К. откако лажно се претставувал како полицаец и извршил неколку кражби.

МВР соопшти дека тој се сомничи дека во период 16/17.09.2023 од гаража во Велес одзел патничко моторно возило „цитроен ц3“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на А.Д.(60) од Велес и електричен алат.

Потоа, А.К. пред продавница во Велес лажно се претставил како полициски службеник, па од К.П.(50) од Велес одзел мобилен телефон и паричник со лични документи, банкарски картички и клучеви од неговиот дом.

– Потоа влегол во домот на К.П. во Велес и извршил пребарување, но не одзел ништо, а од пред куќа во Велес одзел мотоцикл „лонгија“ без регистарски ознаки, сопственост на Р.К.(45), кој подоцна е пронајден во близина на угостителски објект во Велес. По издадена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници извршиле претрес во домот на А.К., при што била пронајдена банкарска картичка на име К.П. и други предмети кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, наведува МВР.

Претходна вестОпштина Аеродром доделува субвенции до 3.000 за нов велосипед и до 5.000 за електричен тротинет
Следна вестДржавниот студентски дом „Скопје“ ги врати цените за сместување и исхрана на студентите од 3.945 денари на 3.645 денари