Државниот студентски дом „Скопје“ ги врати цените за сместување и исхрана на студентите од 3.945 денари на 3.645 денари

Одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студентите денеска донесе Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје на седницата на Управниот одбор. На ова претходела и координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири.

-Враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945 денари се враќа на 3.645 денари, исто како претходните години. Напоменуваме дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана се земени во предвид сите трошоци на ДСД „Скопје“ кои се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура, се посочува во соопштението на Државниот студетски дом “Скопје“.

Како што се наведува, одлуката да се вратат старите суми е донесена по реакцијата на студентите за покачените цени, а дополнително ќе се бара решение за нормално функционирање на студентските домови.

Организацијата Студентски отпор деновиве најави дека се можни и протести проади зголемувањето на киријата и укинувањето на појадокот.

-Годинава, месечната кирија во студентските домови се зголеми на 3945 денари, трошоците за амортизација на 700 денарии, за испринтани 4 листови А4 формат при вселување студентите плаќаат 500 денари, а 300 денари за фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто. Еден од најголемите скандали пред почетокот на академската година е тоа што на студентите во студентските домови им е укинат и појадокот. Наместо да добијат зголемување на сумата на ССО, МОН им скратува појадок и им ја зголемува киријата за 30 отсто, беше наведено во соопштението.

По него, Министерство за образование соопшти дека ниту еден студентски дом индивидуално не може да ја промени цената за сместување и на студентите избрани преку јавно објавени конкурси да им наплатува различен износ од утврдениот во Програмата. Доколку се утврди постапување спротивно на важечките акти, Министерството најави дека ќе побара одговорност од директорите кои го направиле прекршувањето.

Претходна вестВелешанец лажно се претставувал како полицаец па влегувал и крадел по домови
Следна вест„Правда за жртвите“ – денес нов протест за големиот скандал на Онкологија