„Правда за жртвите“ – денес нов протест за големиот скандал на Онкологија

И денеска ќе има протест за големите скандали на Онкологија. Граѓани ќе протестираат во 18 часот пред Владата, по што ќе се протестира и пред зградата на ОЈО, каде што ќе се бара судска разрешница за сите инволвирани во скандалот на Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите во врска со истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово.

-Катастрофалното работење на Клиниката за онкологија секој ден се потврдува со нови скандали. Она што најново шокира е признанието на доктор на Клиника за онкологија, кој во интервју рече дека косовски државјани се лекувале како македонски државјани. Односно, истиот државјанин на Косово во брза постапка добивал македонско државјанство и здравствено осигурување за да се лекува на Клиниката за онкологија. По ова признание од доктор, бараме одговор од министерот Оливер Спасовски по кој основ се делеле македонски државјанства на жители од Косово, се наведува во повикот за протестот.

Како непартиска иницијатива, организаторите на протестот бараат целосно расветлување на овој скандал, како и одговори кои лица биле инволвирани во давањето државјанства на жители на Косово, како и колку штета е предизвикана на Фондот на здравство.

За потсетување: протести имаше и порано (односно два пати се протестираше) на кои многу граѓани искажаа згрозеност од информациите кои излегоа во јавноста дека на болните од канцер не им се давала потребната терапија туку истата се препродавала на други пациенти. На многуте транспаренти граѓаните пишуваа: „Убивате за профит“. „Правда за жртвите“, „За болни физиолошки раствор, за криминалци – амнестија“, „Душите нивни ве демнат“…

 

Претходна вестДржавниот студентски дом „Скопје“ ги врати цените за сместување и исхрана на студентите од 3.945 денари на 3.645 денари
Следна вестПроизводите со намалена цена од среда ќе се продаваат со ознака „гарантирана цена“