МВР пак упати апел возачите да не возат пребрзо

Пребрзото возење по македонските сообраќајници е честа, а опасна појава. Полицијата вели дека се бори против тоа

Вчера, МВР спровело акциска контрола низ Македонија за санкционирање возачи што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 433 возачи. Од нив, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 247 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 186 надвор од населено место.

МВР упати апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта. Полицијата ветува дека ќе има и други контроли.

Дали ваквите контроли и апели се доволни за да се вразумат збеснатите возачи?

Претходна вестПендаровски ќе дели ордени и одликувања во Њујорк и Чикаго
Следна вестАлбанија оствари рекорден приход од туризмот, а Македонија…