Арсовска: Автобуските блокади беа од лични и политички причини, сега ќе работиме на еколошки јавен превоз во Скопје

Со приватните автобуски превозници најдовме заедничка платформа како да продолжиме понатаму, а ќе работиме и на тоа да има стандардизиран еколошки јавен превоз, изјави денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска. На прес-конференцијата таа зборуваше за новиот повик за ичество на приватните превозници во јавниот превоз.

-Се надеваме дека по завршувањето на овие две недели повторно ќе имаме заедничко водење на јавниот превоз во Градот Скопје. Она на што наидовме кај нив е едно големо разбирање, желба да се работи токму како што треба согласно почитувањето на нашата националната легислатива и согласно сите оние одредби што Град Скопје ги нуди како услови. На наше големо задоволство, а верувам и на спротивната страна, наидовме на заедничка платформа како да продолжиме понатаму, рече Арсовска.

Во врска со тоа дека ќе се направат напори за да се обноват автобуси според еколошки стандарди, Арсовска рече дека она за што успеале да постигнат договор.

-Ќе се формираат заеднички тимови што ќе работат на тоа да се изнајде решение што ќе биде добро за сите и кое што ќе овозможи да има стандардизиран еколошки јавен превоз, рече таа

Во однос на блокадите што ги имаа приватните превозници, Арсовска вели дека дел од причините за блокадите биле лични, а дел политички мотивирани.

– Апсолутно дел од причините за блокадите беа лични, а дел од политички мотиви. Не сакам да навлегувам во оние манипулации што беа пласирани во јавноста, е дека таму има тековни побарувања. Тоа значи дека кога вие имате склучено договор за тој договор добивате авансно фактурирање што се недоспеани обврски. Сето она што е тековно побарување од новиот договор и она кое што беше од претходниот договор со јавните превозници, со ЈСП се изнајде заеднички начин, продолжуваат понатаму и тие обврски ќе си бидат тековно исплаќани како што тоа било наназад во изминатите 30-ина години, рече Арсовска.

 

Претходна вестЕУ сака ли навистина проширување со нови членки?
Следна вестOд ноќеска на полноќ поскапуваат горивата