Арсовска праша каде се крие Мицкоски; ВМРО-ДПМНЕ ја праша за тендерот од 136 милиони евра

Жестока кавга и конфронтација се случи на денешната седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања. Главни актери во препукувањата беа скопската градоначалничка Данела Арсовска и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески. Меѓусебните обвинувања и дисквалификации се однесуваа околу тендерот од 136 милиони евра за изградба на прочистителна станица во Скопје.  

Конфликтот ескалира откако советникот Галески на говорница покажа слика на бизнисмен од Скопје и ја праша Арсовска дали имала контакти со него и дали има поврзаност со турската фирма која се пријавила на тендерот. Односно, дека тоа е во заднината на разрешувањето на директорот на „Водовод и канализација“ Златко Перински и генералниот секретар Ѓоко Велковски – двајцата кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вршевте влијание бидејќи побаравте смена на Комисијата за евалуација на понудите за проектот за пречистителна станица. Смената ја баравте повеќе од еден месец пред да го разрешите Перински. Зошто чекавте месец и половина за да го разрешите ако се точни вашите тврдења. Дали го познавате и дали има поврзаност со турската компанија за која медиумите дознале дека е учесник на тендерот од 136 милиони евра. Подобро сега сетете се, не би сакал по една година од сега да се сетите во обвинителство? Излегоа и информации дека нивната понуда била 20 милиони евра пониска од останатите. Од каде такви информации кога не биле отворени понудите?, праша Галески.

По ова Арсовска излезе на говорницата и ги праша советниците ма ВМРО-ДПМНЕ како до вчера била најдобар градоначалник, а денес не чини и повика нивниот „шпицен градоначалник“, односно партискиот лидер Христијан Мицкоски, да не ѝ се заканува.

-Кај е шпицниот градоначалник, не го гледам тука. Кај се крие Мицкоски. Го нема никаде. Во ВМРО-ДПМНЕ има многу вренди и чесни луѓе, но Мискоски не е еден од нив, рече Арсовска.

На ова доби предупредување од претседавачот Трајко Славевски дека не смее да се зборува за лицата кои не се присутни но градоначалничката продолжи.

-Како тоа до вчера бев најдобриот градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рацете во мед, сега не чинам. На сите прашања ќе додат одговори. Јас ќе продолжам по патот на правдата. Мицкоски од тендер-матрицата никогаш нема да излезе. На шпицниот канддиат да му кажам едно: Мицкоски да не се крие. Да се бореше со власта како што овие 3-4 дена се бори со мене ќе ја спасеше Македонија, прача Арсовска.

По ова претседавачот Славевски објави пауза во заседанието на Советот на Град Скопје.

Претходна вестКовачевски ги уверува и странците дека реформата на администрацијата не запира
Следна вестДизелот поевтинува за два денара