Автомобил се преврте, повредена жена во сообраќајка во скопски Аеродром

Автомобил се преврте утрово во скопската населба Аеродром. Поточно сообраќајката се случила на ново реконструиранта улица „Васко Карангелевски“, кај основното училиште „Љубен Лапе“, близу Воениот базен.

Според првичните информации едно лице е повредено во сообраќајка.

МВР денеска соопшрти дека била пријавена сообраќајна незгода на ул. „Васко Карангелевски“ помеѓу „рено меган”, со скопски таблички, управувано од Л.Д. (60) и „тојота” со скопски таблички, управувана од Е.Д.Б. (45).

Се соопштува дека со телесни повреди се здобила Е.Д.Б. и укажана и е помош во Клинички центар „Мајка Тереза”.

Пред неполн месец, се случи сообраќајна несреќа, во која автомобил удри во велосипедист, а велосипедистот „летнал“ во пешак со бебе на крстосницата кај „Мајчин дом“.

Како што може да се види на фотографиите објавени на Фејсбук страницата „Аеродром најубаво место за живеење“, возилото е превртено на кров.

Претходна вестКалин Ивановски се пласира на главниот турнир во Јокохама
Следна вестПредупредувањата не помогнаа, СДСМ се фали со „Чебрен“ за кој експертите рекоа…