Барди маестрално погоди од слободен удар во дербито со Фенербахче

Фенербахче со 2-3 славеше кај Трабзонспор, нашиот Енис Барди маестрално погоди од слободен удар а по крајот на натпреварот се случија немили сцени, гостинските играчи се пресметуваат со домашните навивачи кои влегоа во терен.

Гостите на пауза имаа два гола предност, но Барди во 63-та минута маестрално погоди од слободен удар и ги врати домаќините во игра.

Трезеге од пенал изедначи на 2-2, но Батшуаи во финишот од мечот се погрижи Фенербахче да ги освои трите бода и да го задржи чекорот со лидерот Галатасарај.

Радоста кај гостите беше огромна, но тоа не им се допадна на домашните навивачи, кои влегоа во терен и направија голема мешаница.

Претходна вестПочнува Велигденскиот пост во чест и спомен на Христовото Воскресение
Следна вестПожар во куќа во населбата „Кошишта“ во Охрид, нема повредени