БДП во третиот квартал пораснал за два отсто

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2022 година е 2.0 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2022 година, најголем пораст е забележан во секторите – Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 11.8 отсто.

Во секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна растот е 9.1 процент, а во Финансиски дејности и дејности на осигурување 5.8 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2022 година, номинално расте за 18.2 проценти, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 71.2 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 27.2 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 31.1 процент.

Бруто-инвестициите во третото тримесечје од 2022 година бележат најголемо покачување во делот на промената на залихите, соопшто Државниот завод за статистика.

Според последните проекции на Народна банка на Македонија, оваа година македонската економија треба да заврши со раст од 2,3 проценти

Претходна вестДиректорката на училиштето во Петровец денеска го видела и пријавила вчерашниот мејл со дојава за бомба
Следна вестЃукановиќ: Воведувањето на Црна Гора во Отворен Балкан е еднакво на велепредавство