Директорката на училиштето во Петровец денеска го видела и пријавила вчерашниот мејл со дојава за бомба

Директорката на основното училиште „Кочо Рацин“ во општина Петровец дури денеска го видела вчера пристигнатиот мејл со дојава дека во школото е поставена експлозивна направа. Таа случајот веднаш го пријавила на полицијата. За ова денеска информира и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на прес-конференцијата по посетата на СВР-Скопје.

-Директорката вчера не го видела мејлот и не пријавила. Дури денеска пријавила откако го отворила мејлот. И во мејлот стои училиште „Кочо Рацин“. Но со оглед на фактор дека постојат три основни училишта со име „Кочо Рацин“ сите тие се проверени и дојавата е лажна, информира Спасовски.

Врзнао со дојавите за бомбите, тој додаде дека серозно ќе мора да се размислува за обезбедувањето на училиштата.

-Во Скопје само едно средно училиште има свое обезбедување и таму не се појавија никакви пријави, рече тој.

МВР утрово информира дека денеска дојави за поставени бомби стигнале во три основни училишта во Скопје и во едно од Крива Паланка. Проеврката покажала дека и дојавата во Крива Паланка е лажна.

Претходна вестДоговорен нов колективен договор, извесно и покачувањето на платите на УКИМ
Следна вестБДП во третиот квартал пораснал за два отсто