Без вода утре дел од Маџари и Сингелиќ

Корисниците на дел од улиците Ченто, Маџари, Палмиро Тољати, амбулантата во Сингелиќ и населба Сингелиќ утре од 9.00 часот нема да имаат вода.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување приклучок од Ф-100 мм на улицата „Методија Андонов Ченто“ крак 1/6 во населба Маџари и ќе трае до санирање на дефектот.

Претходна вестЗа идентификација на жртвите ќе биде потребна една недела
Следна вестЌе има ли постапки за директори на АВРМ за трошењето пари од касата без усул?