Бислимовски: Од полноќ дизелот ќе поевтини за два денара, а тие што не ставија на билборд јавно да ни се извинат

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски денеска најави нови цени на горивата при што дизелот, како што рече, ќе поевтини за два денара а цената на бензините останува иста.

-Уште еднаш се потврдува дека РКЕ работи по јавно објавена методлогија, а до 2019 година методологијата беше таен документ и не смееше да се објави. Тие што не ставија на билборд, сега јавно да се извинат и да кажат дека лажеле, истакна Бислимовски, одговорајќи на новинарски прашања по работната средба со претставниците на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во Стопанската комора.

Првиот регулатор на брифингот со новинарите истакна дека изминатиот период има значително намалување на цената на горивата и дека тоа е потврда дека нивното чинење не зависи од политиките на државата.

– РКЕ определува цена на нафтени деривати врз основа на цена на цена на нафтени деривати на берза и курс на долар. Ако некој мисли дека во Македонија има свои резерви на нафта и можеме ние сами да си правиме цени, јас го отстапувам своето место и нека прави цени какви што смета од сопствено производство. Најверојатно секогаш околу Свети Николе кажуваат дека има, и гробот на Александар Македонски бил, и нафта дека имаме. Верувам дека конечно нешто ќе најдат и ќе помогнат на граѓаните, рече Бислимовски.

Тој додаде дека реално сметките за парно-греење, ако зголемувањето на цената се ориентира според поскапувањето на природниот гас, треба да изнесува 150 отсто, но дека државата ќе превземе мерки на ублажување.

Претходна вестПетмина коњаници-католици од Источен обред од Радово за првпат на пат кон Крушево
Следна вестГрадоначалник на Крушево со повик за достоинствено одбележување на Илинден во Крушево