Петмина коњаници-католици од Источен обред од Радово за првпат на пат кон Крушево

Во традиционалните маршеви на групи коњаници кои деновиве стратуваат од различни македонски градови за да стасаат на прославата на Илинден на 2 август во Крушево, годинава ќе учествува и нова група на коњаници. Вчера, за првпат група од пет коњаници тргна и од струмичкото село Радово коешто е населено главно со македонско население од католичка вероисповед со Источен (византиски) обред. Коњаниците вчера добија благослов по богослужбата во локалната црква „Свети пророк Илија“ а потоа тргнаа на пат кон Крушево. Во Струмица е предвидено да имаат дефиле како и да положат цвеќе на спомениците на Гоце Делчев и поранешниот македонски претседателот Борис Трајковски. Потоа, коњаницата ќе се упати кон Бигорскиот манастир за да се приклучат кон другите коњаници и заедно да тргнат кон Крушево.

-Лани бев единствен учесник од Радово меѓу коњаниците кои стасаа во Крушево а годинава посакав да организираме и посебна коњаничка група. Јас, значи, ќе учествувам по вторпат а на останатите им е за првпат. Среќен сум заради тоа и од причина што и на овој начин го покажуваме македонското единство, ни рече кољаникот Виктор Сирачев од Радово.

Меѓу учесниците и осумгодишно момче, кој ќе биде еден од најмладите коњаници кои ќе стасаат на Мечкин камен во Крушево.

Радово е село со околу 900 жители и е во рамките на Струмичко-скопската епархија на Католичката срква во Македонија која се раководи со Источен (византиски) обред. Покрај неа постои и Скопска епархија која се раководи по Западен обред.

Претходна вестНе сообраќаат возови на линијата Скопје – Табановце, немало машиновозачи
Следна вестБислимовски: Од полноќ дизелот ќе поевтини за два денара, а тие што не ставија на билборд јавно да ни се извинат