Темно Режим Светло Режим

Битола се модернизира: Советот расправа за нови инфраструктурни проекти

Општина Битола ангажира лица со средно образование за доставување документи Општина Битола ангажира лица со средно образование за доставување документи

8-та седница на Советот на Битола е закажана за вторник, 31 март, а пред неа ќе се одржат расправи во матичните комисии.

Пред советниците ќе се најдат повеќе значајни точки поврзани со функционирањето и развојот на општината. Меѓу нив е одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот за 2026 година, како и измени и дополнувања на програмата за развојни планови за периодот 2026–2028.

На дневен ред се и измените на програмата за уредување на градежното земјиште, програмата за економски развој, како и програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови за 2026 година.
Посебно внимание се очекува да привлече програмата за поставување урбана опрема на јавни површини, која предвидува нови елементи како електрични полначи за автомобили и автобуси, локации за полнење на електрични велосипеди, како и поставување паркомати.

Дополнително, советниците ќе одлучуваат и за поставување урбана опрема како тезги и трицикла на територијата на општината.

Од Општина Битола посочуваат дека со овие активности се продолжува со модернизација на јавниот простор и подобрување на инфраструктурата во градот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Не смее да има алиби за неоправданите маржи и прекумерните профити врз грбот на граѓаните, кажа премиерот Мицкоски

Мицкоски: Јавниот обвинител да провери како се судеа луѓе за тероризам и како се делеа бонуси во СЈО

Следниот Пост
Тажна вест: Замина Оливер Мицевски, режисер со европска кариера

Тажна вест: Замина Оливер Мицевски, режисер со европска кариера