Битолчанец на пладне возел со 2,61 промили алкохол

Битолчанец веќе на пладне бил „мртов“ пијан. Полицијата во 12:30 го фатила како управува возило со 2,61 промили алкохол.

-Денеска во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 69 возачи. Од нив, 46 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, велат од МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестЛевица ќе организира протести доколку се отвара бугарски клуб во Куманово
Следна вестСабаленка без своето знаме го освои Австралија Опен: Сите се уште знаат дека сум Белорусинка