Блерим Беџети е нов организациски директор на Клиничката болница во Тетово

Блерим Османи е назначен за нов организациски директор на Клиничката болница во Тетово.

Тој доаѓа на местото на Арменд Фазлиу, кој беше разрешен по скандалот со анестезиологот од болницата, кој на социјалната мрежа ТикТок објави снимка во живо од пациентките од Одделението за гинекологија.

Османи преку Фејсбук објави дека е назначен на оваа позиција.

-На оваа средба во братски дух од Арменд бев информиран за досегашниот тек на работата, функционирањето, обврските и проектите во иднина. Честитав поради покажаната подготвеност и дадениот придонес. Им благодарам на сите кои не поддржаа периодов – семејството, пријателите, колегите, сопартијците. Задачите што ги добиваме од нашиот лидер Али Ахмети се привилегија, но во исто време и одговорност и не обврзуваат да бидеме уште попосветени и достоинствено да ги реализираме, напиша Османи.

Претходна вестВо февруари годинава просечната плата 33.720 денари
Следна вестЗошто Арсовска е бавна во престројувањето на илјадната армија скапи градски административци?