Сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, кај местото викано „Св. Петка“, од 19:15 часот е целосно блокиран во двата правци.
Како што информира АМСМ, блокадата е поради случена сообраќајна незгода.
Засега нема информации за евентуално повредени лица или кога сообраќајот ќе биде нормализиран. На возачите им се препорачува да користат алтернативни патни правци и да ја следат состојбата преку официјалните извори.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: