Бројката на починати пациенти се доближи до 750, до каде е анализата што ја најави министерот Филипче?

Загрижувачкиот тренд на голем број на починати лица од корона вирусот во Македонија не запира. Во изминатово деноноќие починаа четири пациенти со што бројот на жртвите од опасниот вирус се искачи на 743.

Ова е тренд кој загрижува и кој треба да ги растша соодветните служби, но и самото ресорно министерство. Едноставно, овој се потежок биланс не може да остане без соодветен одговор бидејќи Македонија станува земја со најголем број на жртви од вирусот како во регионот така и во Европа.

Пред десетина дена, министерот за здравство Венко Филипче рече дека се прават анализи зошто во овој период има се поголем број на починати лица   

Правиме анализа, не сакаме да дозволиме да имаме преполни болници. Кога таа анализа ќе заврши ќе можеме да кажеме на што се должи и дали треба дополнително нешто да се преземе, изјави на прес-конференцијата Филипче.

Оттогаш до сега помина доволно време да се направи таквата анализа, ама… За поголемиот број на починати лица веќе до сега се знаат многу работи од заразувањето па до починувањето. Се знае, сигурно, кога тие пациенти се јавувале на матични лекари, кога биле упатувани во болниците, дали имале претходни заболувања… Сето тоа треба да се покаже во анализата, за јавноста да знае што се случува. Впрочем треба да знаат и самите медицинари, за да се превземаат посоодветни мерки со цел – намалување на смртноста од вирусот. Вака, се доаѓа во ситуација во која граѓаните со право се прашуваат зошто во Македонија има толку голем број на починати, а во другите земји не, иако се работи за истиот опасен вирус?

Инаку, нашите здравствени власти во почетниот период на ескалирањето на бројот на починатите лица даваа објаснување дека главната причина е тоа што пациентите многу доцна се јавувале за помош. Односно, доаѓале доцна во болниците, но и тоа дека имале претходни заболувања заради кои нивниот организам не можел да му се спротивстави на вирусот. Таквите наводи се постојано содржани во неделните анализа кои ги прави Институтот за јавно здравје.

Претходна вестПродолжува црниот биланс: Починаа четири пациенти, 162 лица се новозаразени од вирусот
Следна вестВо скопско: Малолетник пукал со пиштол во куче и ранил малолетник