Бројот на починати од вирусот се доближи до 5.000, денес најмладиот е на 36 години

Во последните 24 часа во Македонија се направени 572 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19. Починале 25 лица.

Новозаразените се во: Скопје – 32, Прилеп и Штип – по 7, Куманово – 5, Струмица – 4, Кавадарци – 3, Велес, Кочани, Кичево и Виница – по 1.

Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје ( 69г, 71г, 71г, 71г, 72г, 73г, 76г, 83г, 86г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (36г и 74г), Кавадарци (71г и 84г) и Струмица (56г и 69г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Прилеп (79г), Битола (72г), Велес (78г), Штип (71г), Охрид (81г), Кочани (85г), Пробиштип (63г) и Демир Хисар (70г). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 24 се починати во болнички услови.

Регистрирани се 398 оздравени пациенти.

До сега во Македонија се направени вкупно 725.240 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.

Претходна вестМицкоски: Ќе откриваме сомнежи за сторен криминал од Шилегов
Следна вестШилегов му реплицира на Мицкоски: Скопје веќе е европски град, со европски и светски стандарди